Дачиќ: Приштина го напушта Бриселскиот дијалог
Одлуката на косовската Влада, донесена синоќа, да не го примени договорот за почеток на изработка на Статусот за фомирање на Заедницата на српски општини (ЗСО) значи дека Приштина одлучила да го напушти Бриселскиот дијалог, изјави денеска српскиот министер на дипломатијата Ивица Дачиќ за руската новинска агенција Спутник.
Тој предупреди дека „по таквата одлука целиот преговарачки процес помеѓу Белград и Приштина може да се врати на нула“.
- Доколку суштинскиот дел од договорот кој го постигнавме, албанските лидери бескруполозно и без какви било санкции одбиваат да го применат, тогаш Белград сега може да го разгледува ставањата вон сила на сите досегашни договори кои се постигнати во Брисел, предупреди Дачиќ.
Тој ја повика меѓународната заедница да влиаје врз Приштина да ги исполни обврските, „бидејќи се заканува најголемата опасност досега -преговарачкиот процес дефинитивно да биде прекинат“, додавајќи дека Белград за тоа не би сносел никаква одговорност.
Ново на Сител
-
СЗО ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници
-
Дурмиши: В понеделник одговор од работната група за есенската кошничка
-
КИНСИВ ќе отвори истрага за настанот на небото над Скопје
-
20 ГОДИНИ НЕОТЕЛ: Прослава на две децении пионерство во телекомуникациите
-
Се урна воен авион Л-39 во Бугарија
-
Кривични за две лица кои праќале писма на вработен во ОВР Дебар
-
Почина жена која управувајќи тротинет била удрена од автомобил
-
При претрес во Струмица пронајдени дијаманти