Дачиќ за посетата на Вучиќ на Косово: Безбедносната ситуација не е идеална
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, рече дека безбедносната ситуација, кога станува збор за посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ на Косово, „не е идеална".
Тој изјави за Радио-Телевизија на Србија дека Вучиќ не се плаши да оди во Косово и да зборува со српскиот народ.
- Вучиќ оди на Косово за да влијае на тоа да се постигне мировен договор. Оди да се утврди стабилноста и мирот во регионот, и соочен е со опструкција на посетата и отворени закани, рече Дачиќ.
Министерот Дачиќ рече дека косовските закани се „празни" и и порача на Приштина „да не си играат со оган" кога станува збор за посетата на Вучиќ на Косово.
Запрашан за мотивите на Приштина да не го пуштат Вучиќ во Косово или да го посетат Газивода, Дачиќ рече дека тие не сакаат постигнување мировен договор и дека во тоа учествуваат влијателни земји на Советот за безбедност на ОН, кои не се Русија, САД и Германија.
- Важно луѓето од меѓународната заедница да видат со какви лудаци си имаме работа. Какви луѓе се тоа кога некој ќе оди во посета на мирот, му се закануваат на претседателот на Србија, го ограничуваат неговото движење", нагласи Дачиќ.
Ново на Сител
-
Сообраќаен метеж и гужва кај „Веро Џамбо“ поради сообраќајка | ФОТО
-
Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница
-
Во беровската полиција однесено неексплодирано убојно средство
-
Можно е Фицо да биде префрлен на лекување во Братислава
-
Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм
-
Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска
-
Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога
-
Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра