Македонија
7. March 2024 - 11:40

Дал мотоцикл и 2 илјади евра за да добие документи за работа во странство, измамен тетовец

Триесет и двегодишен жител на тетовско село, вчера (6 март) во 13 часот и 50 минути пријавил дека Б.М. и Ќ.М. од тетовско Боговиње пред скоро една година му ветиле дека ќе му обезбедат документи со кои наводно ќе може да работи во странска земја.

За што на Ќ.М. тој му платил 2000 евра и потоа им дал и мотоцикл со иста вредност.

Според пријавеното, со добиените документи не му било овозможено да работи во земјата и сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.