Македонија
20. January 2022 - 16:36

Дали дигитализацијата им е приоритет на општините?

Дигитализација на услугите што граѓаните ги бараат од општините нема да значи само поедноставни административни процедури и намалување на гужвите и чекањето пред шалтерите туку и поголема можност за контрола и отчетност на администрацијата. И пандемијата на која се уште не и се гледа крајот покажа колку е важно да постои можност работите да се завршат онлајн, но сепак, за само околу половина од општините дигитализацијата е приоритет.

Претставниците на извршната и локалната власт смеат дека за да се подобри процесот на дигитализација, неопходно е меѓусебна соработка.

Она што како проблем исто така го посочија дел од учесниците на дебата на тема „Дигитални предизвици за општествена трансформација“ е дека административните работници не се обучени кога станува збор за давање услуги по електронски пат, но исто така има и граѓани кои или немаат можност или не знаат да користат ваков вид на услуги.