Македонија
22. March 2024 - 16:51

Дали двата изборни дена ќе ја продолжат учебната година? Решение ќе се бара по изборите

Неизвесно е како двата изборни дена ќе се одразат врз крајот на учебната година. Дали учениците наместо на 17јуни, летниот распуст ќе го стартуваат два дена подоцна, односно  на 19-ти јуни е прашање за кое ќе решава дури по завршување на двата изборни процеси во мај. 

Со оглед дека и 24 април и 8 мај ќе бидат неработни, министерот за образование Јетон Шаќири во телефонски разговор потврдува дека ќе се бара решение, но не во овој предизборен период. Иако лично не е за продолжување на учебната година,  сосема извесно е дека последниот збор за ова прашање ќе и припадне на новата влада. 

И без обработување на изборните денови, учениците годинава за прв пат ќе учат до 17 јуни. Владата на стартот на учебната година донесе повеќе измени.

Покрај зимскиот, учениците како новина годинава добиваат и пролетен распуст од 29 април до 5 мај. Но за сметка на тоа наместо на 10-ти јуни, со училишните клупи ќе се збогуваат 7 дена подоцна.