Македонија
21. August 2024 - 12:22

Дали Охрид треба да развива елитен туризам

По примерот на монденските летувалишта во светот, Охрид треба да се  стреми кон развој на елитен туризам . Градот под закрилата на Унеско според професорската фела иднината треба да ја насочува кон оние елитни туристи кои го сакаат спојот на културата ,традицијата и историската вредност .

Добрите познавачи сметаат дека Охрид треба да има таргет на туристи ,во шпицот на сезоната е преплавен со млади кои доаѓаат за забави ги окупираат плажите преку ден, а преку ноќ сите паркови.

Години наназад се отвораше прашањето дали Охрид треба да развива елитен туризам. Професорите објаснуваат дека најнапред треба да се работи на развој на патната и комуналната инфраструктура, подигање на свеста на населението за зачувување на културните и природни вредности со кои располагаме,  па се до инвестирање во изградба на луксузни сместувачки и угостителски капацитети.