Македонија
16. November 2021 - 21:21

Дали предвремени избори ќе зависат од решение за спорот со Бугарија и датум за ЕУ?

Предвремени избори ќе има, но кога тие ќе се случат ќе одлучува власта зависно од тоа колку ќе може на своја сметка да ја препише  евентуалната одлука на Брисел за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Ова е ставот на политичкиот аналитичар Сашо Клековски за тоа колку Самитот во декември ќе биде клучен и за разврска на политичката криза во која западна државата поради тоа што и двата политички блока засега не поседуваат мнозинство пратеници.

Клековски е дециден дека во истуација 60-60 во Собранието  само интерес може да биде причина некој да го промени политичкиот дрес.

Од друга страна, партиите се уште тактизираат во своите ставови околу мнозинството.  Централното претседателство на Алтернатива следниот вторник ќе решава дали ќе ја прифати поканата на премиерот Заев за средба. Партијата засега останува во опозиција, се ставовите од партијата на Гаши.

Од власта пак, велат дена мнзоинствотот е стабилно и ќе расте, Вицепремиерот Битиќи до Нова година најави и реконструкција „Влада Заев 3, но и оставка на заев следната година.

СДСМ и ДУИ, поткрепени од изјавите на кастриот реџепи, се уште како владин партнер ја сметаат и БЕСА. Касами веднаш возрврати.

„Не е вистина дека Беса е дел од Владата. Нашите министри поднесоа оставка и не сме повеќе дел од Владата. Кастриот Реџепи може да зборува лично за него. Тој е исклучен од сите партиски тела. Сите други пратеници на Беса се стабилни и не се дел од владиното мнозинство“, искоментирал Касами за тв21.

За ВМРО-ДПМНЕ најавите за реконструкција се само уште еден доказ дека Заев ги излажа граѓаните за оставката.