Македонија
20. January 2023 - 16:34

Дали здравство и правда ќе одат во рацете на Таравари?

Алијанса на Албанците во Собранието се поблиску до влез во владиниот кабинет на Ковачевски. 

Речиси сигурни биле две министерски позиции: здравство и правда кои би ги отстапиле Алтернатива и СДСМ, а се чека дали отстапка со свое министерство ќе направи и ДУИ, брифирираат високи партиски извори. 

Дополнително, се разговарало и за две заменик-министерски позиции како и за директори во Фонд за пензиско осигурување, Македонски Пошти и Управата за водење матични книги.  

Алијанса утре на Централно претседателство во Куманово ќе ги дефинира своите позиции, но и ќе ги утврдува преговарачките тимови за влез во Владата. 

Но, додека Алијанса се приближува, Алтернатива на Гаши која пред една година беше клучна за одржување на мнозинството ги заладува односите со СДСМ и ДУИ. Не е исклучено и излегување од владината коалиција, брифираат владини извори. Во тој случај Алијанса ќе ги преземе сите кадровски позиции од Алтернатива, плус правда, велат изворите. Од партијата на Гаши без коментар за ова.

„Ние немаме таква информација. Прашајте ги во Влада. Кога ќе има официјална информација, ќе има и наш став за тоа.“, велат од Алтернатива.

Но, дека се кршат копја околу Алтернатива и Алијнса зборува и тоа што и Гаши и Таравари беа на средба со американската амбасадорка Агелер. 

Со амбасадорката Агелер се согласивме дека интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ е единствениот пат кој гарантира развој, просперитет и стабилност и дека државниот резон бара проевропските сили да не дозволат отстапување од овој курс преземајќи ја без одлагање одговорноста за да не ја пропуштиме нашата шанса и успешно да го завршиме овој витален процес за идните генерации, се вели во соопштението на Алијанса по средбата на Таравари со амбасадорката.

Главните владини партнери СДСМ и ДУИ признаваат дека разговори има, но за кадровски решенија се уште е рано. 

Влезот на Алијанса ги проблематизира и односите на СДСМ со помалите коалициски партнери. Демократски сојуз оцени дека влезот на уште една албанска партија е споротивен на уставниот принцип за правична застапеност. Сличен став имале уште три помали партии, кои имаат по свој пратеник во парламентот.