Даниелсон без коментар за предложениот еврокомесар за проширување
![]()
Кристијан Даниелсон, генералниот директор за проширување во Европската комисија, одби да го коментира предлогот на новата претседателка на ЕК, поранешниот унгарски министер за правда да го води ресорот од 1 ноември.
Даниелсон, кој утрово ја отвори годишната конференција на Европската комисија „Денови на медиумите“ во Подгорица, не сакаше да го коментира предлогот Ласло Трочањи, поранешен министер за правда во владата на Виктор Орбан, да биде задолжен за земјите од Западниот Балкан во идниот состав на ЕК.
На прашање на МИА дали смета дека има конфликт на интереси во тоа предлогот на владата на Виктор Орбан, која му одобри азил на осудениот поранешен македонски премиер, да биде задолжен да ги надгледува судските реформи во земјата, Кристијан Даниелсон одговори „тоа е ваше лично видување“.
-Ние не ги коментираме поединечните предлози за комесари. Погледнете го говорот на претседателката, таму се јасни задачите на идниот еврокомесар, кусо искоментира Даниелсон на заминување од конференцијата по неговиот говор.
Инаку, во говорот, директорот за проширување, потсети на важноста на поглавјата посветени на владеењето на правото и судството во преговарачкиот процес со ЕУ за земјите кандидати.
-Процесот на зачленување почнува и завршува со поглавјата 23 и 24. Тоа бара целосно усогласување со начелата на владеењето на правото и темелните слободи, рече Даниелсон во својот говор пред стотици новинари од целиот регион.
Двете клучни преговарачки поглавја 23 и 24 се посветени на независното судство и владеењето на правото. Процесот на преговарање со земјите кандидати беше модифициран по големото проширување во 2004 и 2007 година, кога се приклучија земјите од источноевропскиот блок.
Токму поради сериозните слабости во делот на владеењето на правото и корупцијата на земји како Унгарија, Полска, Бугарија или Романија, Европската комисија воведе измени во преговарачкиот процес, ставајќи ја правната држава во срцето на преговорите со земјите кандидати.
Ласло Трочањи беше министер за правда во владата на Виктор Орбан за време на судските реформи кои предизвикаа конфликт со Европската комисија. Унгарија, пак, се соочува со повеќе прекршочни процедури пред Европскиот суд за правда поради нарушување на правото на ЕУ.
Трочањи беше предложен во вторникот од страна на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејн, но ќе мора претходно да биде прифатен од страна на европратениците откако ќе биде сослушан.
Трочањи е еден од неколкуте контроверзни предлози на новата комисија на Фон дер Лејн. Унгарските социјалисти веќе најавија дека ќе се спротивстават на неговото назначување. Но, прашање е, дури и да биде отфрлен, дали ќе биде заменет со друг предлог на Виктор Орбан или дали Фон дер Лејн би правела рокада во портфолијата за проширувањето да и припадне на друга земја на ЕУ, коментираат во Брисел.
Ново на Сител
-

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази
-

Багаи: НАТО е соучесник во „незаконската агресивна војна“ на САД и Израел против Иран
-

СП 2026: Мексико за прв пат во својата историја ги доби сите три натпревари од групната фаза
-

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија, нестабилно време се очекува и денеска во попладневните часови
-

СП 2026: Бразил убедлив против Шкотска
-

Гебреисус: Горештините се закана по јавното здравје и имаат смртоносен потенцијал
-

Зеленски: Во Белорусија деактивирани релејни антени, користени за напади со руски дронови
