Македонија
13. March 2022 - 19:28

Даниловски: Состојбата со Ковид-19 е поволна, се наоѓаме во зелено најниско ниво

Епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски во интервју за Сител вели дека епидемиолошката состојба со Ковид-19 во Македонија е поволна.

- Накратко, ја оценувам како поволна. Зошто? - Зашто сите бројки се во опаѓање, и на новите случаи и на хоспитализираните, и на починатите. Тоа е знак дека веќе се наоѓаме во т.н. зелено најниско ниво на Ковид-19 во заедницата според најновите критериуми на Центрите за контрола на болеста во Америка и кои беа објавена на четврти март, кажа Даниловски.