Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна
Основачот на организацијата Викиликс, Џулијан Асанж нема да биде предаден на земја во која се применува смртната казна, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Велика Британија, Алан Данкан на прес-конференција по средбата со еквадорскиот министер за надворешни работи Хозе Валенсија, во Кито.
Данкан додаде дека Велика Британија и Еквадор се согласиле за тоа.
Асанж во САД е обвинет за шпионажа и Вашингтон бара негова екстрадиција. Рочиштето по тоа барање е закажано за крај на февруари следната година во Велика Британија.
САД го обвинува дека ја загрозил безбедноста на нивните дипломати и војници, кога Викиликс во 2010 година објави 250.000 дипломатски документи и околу половина милион доверливи предмети за активностите на американската војска во Ирак и Авганистан. Исто така, Асанж е обвинет и за заговор со некогашната воена аналитичарка Челзи Менинг, која му ги доставила документите.
Лондонскиот суд го осуди на 50 недели затвор за кршење на условите за негово ослободување со кауција. Се разгледува и прашањето за негова екстрадиција во САД, каде што може да биде осуден на 175 години затвор.
Ново на Сител
-

Димитриевски со седум одбрани најзаслужен за бодот на Валенсија
-

Наполи со голема казна за Лукаку, фудбалерот пред заминување
-

Најмногу дожд во Маврово - 48 литри на квадрат
-

Мицкоски во Виена на средба со австрискиот канцелар Штокер и на бизнис форум
-

Најмалку едно лице загина во експлозија во хрватскиот град Сплит
-

Бизнис Лидер Conference & Awards 2026 - Признание за оние што ја движат економијата напред
-

Ден на планетата Земја
-

Лејкерси го зголемија водството во серијата против Хјустон
