Данска ги заострува рестриктивните мерки поради голем број на новозаразени со коронавирус
![]()
Данска ќе ги заостри ограничувачките мерки што се во сила во моментов за да се опфатат речиси 80 проценти од населението откако беа регистрирани рекорден број случаи на заразени со коронавирус во земјата.
– Имаме инфекции во целото општество и притисок врз болничкиот систем, изјави денеска данскиот министер за здравство Магнус Хеунике, додавајќи дека се очекува пораст на случаите во наредните денови.
Владата во понеделникот најави делумно затворање на 38 општини, вклучувајќи го и главниот град Копенхаген и затворање на барови, ресторани и музеи.
Построги ограничувачки мерки од утре ќе бидат воведени во вкупно 69 општини, опфаќајќи скоро 80 проценти од населението.
Во текот на изминатите 24 часа, пријавени се нови 3.132 случаи на коронавирус, што е рекорден број во Данска од почетокот на пандемијата.
Ново на Сител
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
