Данска нема нови случаи на коронавирус и покрај ублажување на мерките
Данска, првата земја надвор од Азија што ги ублажи своите рестриктивни мерки за спречување на ширењето на КОВИД-19, во средата соопшти дека бројот на заразени не се зголемил од влегувањето во втората фаза на рестартирање на социјалните активности минатиот месец.
Таа нордиска земја дозволи ресторани, кафулиња и трговски центри да продолжат со работа во текот на мај во втората фаза на ублажување. Во април, дозволи повторно отворање на градинки, училишта, фризерски салони и мали бизниси.
– Нивото на инфекција е сè уште многу ниско – рече во средата данската служба за јавно здравје, додавајќи дека потврдениот број новозаразени продолжи да опаѓа и покрај новите тестови.
Бројот на смртни случаи од коронавирус варира меѓу нула и четири на ден во последните три недели, по врвот на 22 регистрирани смртни случаи на 31 март. Бројот на хоспитализирани пациенти се намали на помалку од сто од почетокот на јуни.
„Нема индикации за забележителни промени во обемот на инфекцијата, и покрај постепеното отворање на општеството во април и почетокот на мај“, се вели во извештајот на јавната здравствена служба, пренесува Ројтерс.
Во понеделникот, данската влада ја зголеми максималната граница за јавни собири на 50 со 10 лица и дозволи повторно да се отворат фитнес центри и јавни базени. Таа планира дополнително да ги олесни ограничувањата на јавните собири во јули и август.
Данска потврди вкупно 593 смртни случаи од КОВИД-19, респираторно заболување предизвикано од новиот коронавирус.
Ново на Сител
-
Индустриското производство намалено за 3,6 отсто
-
Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%
-
НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра
-
Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица
-
Поевтинуваат дел од горивата
-
Запленети лекови, мобилни „ајфон 16“, часовници „ролекс“, девизи
-
На респиратор новороденчето чија мајка почина во кумановската болница
-
РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври