Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

Данска планира да воведе национална минимална возраст од 15 години за пристап до одредени социјални мрежи, соопшти денеска данската Влада.
Сепак, родителите ќе имаат можност да им дозволат на своите деца да се регистрираат на социјални мрежи од 13-годишна возраст, пренесе ДПА.
Според Министерството за дигитализација, новиот закон има за цел подобра заштита на децата и младите во дигиталниот свет. На тој начин, како што објаснија од министерството, децата ќе имаат повеќе време за одмор, игра и личен развој пред да отворат профили на мрежи кои носат одредени ризици.
Политичкиот договор сè уште не прецизира кога ќе се спроведе мерката, ниту кои точно социјални мрежи ќе бидат опфатени, освен тоа што е насочена кон најголемите платформи.
Данска е една од првите земји во ЕУ што презема чекори кон вакви ограничувања за користење социјални медиуми.
Данците уште на почетокот на годината најавија дека сакаат да го промовираат ова прашање на ниво на Европска Унија, кога во јули ја презедоа ротационата претседателска функција со Советот на ЕУ.
Австралија се смета за пионер во оваа област – таму властите решија дека младите ќе можат да користат платформи како TikTok, Snapchat, YouTube, Facebook и Instagram дури од 16 години.
МИА
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
