Данска во шок: 2,5 години затвор за таткото од пеколот, ја силувал својата ќерка на свадбата, се бранел дека ја помешал со својата нова жена

Неименуван 50-годишник од Данска е прогласен за виновен и осуден на две ипол години затвор затоа што под наводно бизарен сплет на околности, на денот на својата венчавка ја силувал родената ќерка (20).
Злосторството се случило во август 2018 година во хотел на селски имот крај градот Колинг на југот на Данска.

Тој ден склопил нов брак и правел свадба, а меѓу гостите била и неговата ќерка од претходниот брак, која не ја видел повеќе години, се до Божикот 2017 година. Тогаш ја повикал на свадба.
Меѓутоа младата девојка многу испила и не можела да оди до својата соба па таткото со уште еден член ан семејството околу 2.30 часот утрото ја однеле во апартманот за младенци, кој бил најблизу и ја сместиле во брачниот кревет. Час ипол подоцна, стигнале и младенците и легнале во истиот кревет, таткото во средината. И во тој период од 4 до 4.45 часот, таткото ја грабнал ќерката и почнал да ја силува.
„Кога му рекла да престане и се обидела да стане, силно ја удрил во градите. Паднала на грб и тој ја силувал иако повеќе пати го молела да престане“, рече обвинителот додавајќи дека девојката не била во состојба да се брани, зошто се уште била пијана.

Таткото силувач се бранел дека заспал и не се сеќава на ништо. Утредента и телефонирал и и се извинувал на ќерката тврдејќи дека мислел дека е жена му, на што таа му одговорила дека ќе ги прекине сите контакти со него, пишува Екстра бладет.
„Кога почна да ми го правиш тоа преку кое не можам да поминам, убаво те молев да престанеш, а ти продолжи. Врескав, а ти продолжи, и те удрив и ти пак продолжи“, рекла девојката.
„Жал ми е. Погрешив. Жал ми е. Мислев дека е жена ми. Зар не можеме да останеме во контакт? Жал ми е“, повторувал тој.
Прогласен е за виновен за силување и осуден на две ипол години затвор.
Ново на Сител
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
-

Следува период потопло време, со максимални 39 степени
-

Годишните приходи на ОпенАИ би можеле да надминат 40 милијарди долари
