Дарко Лазиќ по скандалозното видео, замина на лечење во специјална болница
Дарко Лазиќ цврсто решил да се врати на стариот начин на живот, па побарал помош како што побргу би се решил од пороците.
Ѕвездата на Гранд моментно е на програма за одвикнување во специјална болница во Австрија, која применува најсовремени методи на лекување на болестите на зависност.
Според зборовите на изворот, пејачот на тој чекор се решил заради своите родители, кои се потресле кога ја виделе снимката како шмрка бел прав, кој после го размачкува по непцата.
-Дарко е прекрасно момче, кој има голем талент и потенцијал да успее во животот и да заработи многу пари. Меѓутоа, последните месеци тој премногу се опушти и потегна по пороци, од кои сега сака да се реши. На тоа инсистираа неговите родители, кои му предложија веднаш да побара стручна помош. Со оглед на тоа дека нему семејството му е најважно и не сака да бидат загрижени, реши да оди на одвикнување, рекол извор близок на Лазиќ.
Тој се разведе од својата сопруга Ана.
Ново на Сител
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство