-->
-->
Давеник спасен од водите на Брегалница
-->

Маж на возраст од околу 60 години синоќа околу 19 часот бил забележан како се дави во водата во близина на гумената брана кај речното корито на Брегалница во централното градско подрачје во Делчево. Случајни минувачи го забележале лицето и веднаш го извадиле од водата укажувајки му прва помош.
- Човекот го забележавме случајно. Минувајќи со другарите покрај централното градско подрачје на потегот кај гумената брана во Брегалница забележав човек како бара помош. Рацете му беа испружени нагоре и без размислување, веднаш влегов во водата при што заедно со другарите, му помогнавме на човекот да се спаси од најлошото, вели Д.Н кој побара да не биде објавено неговото цело име и презиме.
Засега, не се познати причините како возрасниот маж се нашол во водата. Според очевидци, веднаш по интервенцијата на делчевецот Д.Н, на местото на настанот пристигнала и медицинска екипа на Итната помош како и екипа на ТППЕ Делчево. За среќа се било навреме завршено, без посериозни последици по животот на лицето кое се давело.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
