Давутоглу: Се отвораат можности за решавање на кипарскиот проблем
Турција и Грција имаат „отворен прозорец на можности“ да дејствуваат за решавање на кипарскиот проблем, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу на заедничката прес конференција со својот грчки колега Алексис Ципрас, кој се наоѓа во посета на Турција, пренесоа британските медиуми.
-Токму во моментов постои прозорец на можности во врска со кипарскиот проблем. Преговорите продолжуваат. Ние имаме заеднички пристап со Грција позитивно да дејствуваме на овие преговори, посочи Давутоглу.
Тој изрази увереност дека Атина ќе ја засили својата поддршката за членство на Турција во ЕУ.
Давутоглу уште додаде дека двете земји ќе ги извршат сите технички работи за да можат да ја пресечат хуманитарната трагедија во Егејско Море, посочува весникот „Сабах“.
Турскиот премиер информира и дека четвратата седница на Советот за соработка меѓу Турција и Грција ќе се одржи во првата недела од февруари во Турција. Тој додаде дека билатералните односи повторно треба да се градат со позитивен дневен ред.
Претходно министерот за надворешни работи на самопрогласената Севернокипарска турска република Емине Чолак изјави дека Кипар е поблизу од кога и да било до ставање крај на 40-годишната поделба .
- Умерени оптимисти сме. Сметаме дека сме поблизу од кога и да било, изјави Чолак.
- Не сметам дека кипарското прашање се развива добро, но сметаме дека има можност, вели тој.
Чолак додаде дека би било „добро“ планираните избори за мај 2016 во јужниот дел на островот да бидат одложени, за да се олесни преговарачкиот процес.
Ново на Сител
-
Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на Македонската Револуционерна борба
-
Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари
-
Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје
-
Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа
-
Австрискиот канцелар Карл Нехамер го прифати мандатот за формирање влада
-
Хезболах ја презеде одговорноста за нападот врз резиденцијата на израелскиот премиер
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Студено утро со магла по котлините, преку денот сончево со слаб ветер