Свет
9. December 2015 - 21:56

Давутоглу со обвинувања дека Русија врши етничко чистење во Сирија

Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу ја обвини денеска Русија дека спроведува кампања за „етничко чистење“ во Сирија и помага во јакнењето на џихадистите од ИД.

– Русија се обидува етнички да ја исчисти северна Латакија за да протера припадници на турската и сунитска популација кои немаат добри односи со сирискиот режим, изјави Давутоглу.

Турските власти наведуваат дека руските воени напади во Сирија придонеле за јакнење на Исламска држава бидејќи како што тврдат, пукале во припадници на умерената сириска опозиција.