-->
-->
Дебакл на ЖРК Вардар на гостувањето кај европскиот шампион Будуќност
-->
Ракометарките на Вардар се убедливо поразени со 12 гола разлика од актуелниот европски шампион Будуќност во дуел одигран попладнево во Подгорица.
Во мечот од 2.коло од главната фаза на Лигата на шампионките, црногорската екипа целата работа ја заврши уште во првото полувреме кое го доби со убедливи 16:8. Вториот дел ракометарките на Будуќност само рутинирано го одработеа и славеа убедливо со конечни 31:19.
Најефикасна во победничката екипа беше Драгана Цвијиќ со 7 постигнати голови, додека за ЖРК Вардар најмногу 5 постигна Маја Сокаќ сите од линијата од 7-метри.
Ова беше натпревар од група 2, во која попладнево играат и Савенхоф – Ѓер 18:26, додека во првиот меч одигран во петокот Букурешт го победи Митјиланд со 24-22.
Табела:
Будуќност 9 бода,
Ѓер 9,
Букурешт 7,
ЖРК Вардар 6,
Митјиланд 5,
Савехоф 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На Газа итно и се потребни 6,5 милијарди долари за привремено сместување на Палестинците
-
Протести пред седиштето на УСАИД во Вашингтон по заканите за затворање на агенцијата
-
Партизан потпиша со македонскиот репрезентативец Димоски
-
Астон Вила потпишa со трикратен шампион во Лигата на шампионите
-
Нојер ќе брани за Баерн до 2026-та
-
Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да одговори кога ќе биде неправедно или произволно таргетирана
-
Почувствуван земјотрес во Дебар и околината
-
Две потрошувачки кошнички - синдикална и официјална, нема договор за минималната плата