Дебар има потреба од дополнителен медицински кадар
Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој раководи со општинскиот оперативен штаб, на денешната редовна прес конференција информираше дека потребен е дополнителен медицински кадар во Општата болница.
– Од Владата и Министерството за здравство побаравме во Општата болница во Дебар да бидат испратени еден гинeколог, еден анестезиолог-реаниматор, како и четири медицински техничари, кои се едуцирани за заразни болести. Очекуваме на барањето позитивно да ни биде одговорено, рече Дука.
Безбедносната состојба во целина во општината ја оцени како добра и додаде дека во текот на ноќта регистрирани се два случаи на непочитувања на полицискиот час.
– Безбедносната состојба во целина е добра. Во текот на ноќта приведени се две лица кои ги прекршиле правилата на однесување за време на полицискиот час и против нив ќе се преземат соодветни законски мерки. Движењето на возилата на пунктовите се одвива без никакви проблеми во согласност со протоколот за тоа,додаде Дука,упатувајќи повторувајќи го апелот до граѓаните строго да ги почитуваат сите препораки и мерки на надлежните.
Искажа голема благодарност до дебрани кои живеат и работат во Скопје за доставената помош која се состои во средства за хигиена, за дезинфекција, како и заштитни средства, маски и ракавици.
Во сопствено име и во име на граѓаните на општината искажа длабоко сочувство до семејството на сограѓанинот кој вчера почина како последица од коронавирус.
Ново на Сител
-
Му дала 18.500 евра за да и ја направи куќата, останала и без пари и без куќа
-
Авион кружи над Скопје и не може да слета поради густа магла
-
174 ученици отпишани во првото полугодие во Куманово, минатата година се отпишале 131
-
Без вода дел од корисниците на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во Аеродром
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Со возилото кое излета во Вардар управувала една од починатите жени
-
Најмногу очекуваните 25 филма за 2025 година
-
Човекот во автомобилот-бомба пред хотелот на Трамп извршил самоубиство пред експлозијата