-->
-->
Дебарскот пазар десетта сабота речиси без пазарџии и купувачи
-->

Градскиот пазар во Дебар десетта сабота по ред остана речиси без пазарџии и купувачи. Можеа да се видат само двајца пазарџии кои продаваа зеленчук и овошје, а бројот на купувачи беше минимален.
Иако официјално пазарот не е затворен, веднаш по прогласувањето на кризната состојба на 13 март, пазарот во саботата за првпат беше целосно празен.
Пред појавата на коронавирусот, градскиот пазар беше едно од местата во градот каде фрекфенцијата во саботните денови беше најголема. Освен локални жители, на пазарот доаѓаа и жители од општина Центар Жупа и подрачјето на Река и општина Маврово и Ростуше.

Масовно во саботите доаѓаа и жители од албанските погранични села од Пешкопеја и од областа Голо Брдо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Врските на Заев и Филипче со политиките на Путин
-

СДСМ: Toшковски да поднесе оставка
-

250 анкетни листови од кочанчани против бетонизација кај „Панаѓурот“
-

Струмица започна долгорочен проект за озеленување на околината на градот
-

Поскапуваат градинките во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
