Дебата по повод Меѓународниот ден за борба против фашизмот и антисемитизмот
Во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија денеска во 15 часот ќе биде одржана панел дискусија по повод Меѓународниот ден за борба против фашизмот и антисемитизмот.
На отворањето најавено е обраќање на вицепремиерот за европски прашања Арбер Адеми, главниот извршен директор на Меморијалниот центар Горан Садикаријо, германската амбасадорка Кристине Алтхаузер, претседателката на Еврејската заедница во Македонија, Берта Романо Николиќ, како и Скендер Асани од Институтот за културно и духовно наследство на Албанците и професор Маријан Димитријевски од Институт за национална историја.
Панел дискусијата ја организираат Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, Институтот за културно и духовно наследство на Албанците и Институтот за национална историја. Дискусијата е поддржана од вицепремиерот за европски прашања.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови