Дебата за 20 години од меѓународното признавање на Црвениот крст на Македонија
Црвениот крст на Република Македонија по повод 20 години од меѓународното признавање денеска организира тркалезна маса на тема:“Развој на националното друштво и неговата улога во општеството и меѓународното движење”
На овој форум што ќе се одржи во Македонската академија на науки и уметности, поздравно обраќање ќе има претседателот на Собранието на Реублика Македонија Трајко Вељаноски, претседателот на Црвениот крст на Република Македонија Милчо Трајков и претседателот на МАНУ академик Владо Камбовски.
На тркалезната маса се поканети да учествуваат лица кои имаат значајно влијание во општествениот живот како научни работници, професори, претставници од Меѓународното движење на Црвен крст и Црвена полумесечина и волонтери, кои со свои презентации ќе дадат придонес во одбележување на овој дводецениски период од признавањето и членството во Движењето.
Ново на Сител
-
Есенската кошничка според СДСМ е фијаско
-
Заврши јавната расправа за Национална стратегија за сајбер безбедност
-
Герасимовски со отчет за тригодишниот мандат
-
Кочанчани се поделија, едни остануваат на блокадите, а други се повлекуваат
-
Скопје домаќин на 12-ти меѓународен симпозиум денови на Јустинијан Први
-
Преглед на вестите од светот
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ