Дебата за ЕУ, миграциите, еконосмиот развој и солидарноста
Каква иднина ја очекува Европската унија по излезот на Велика Британија и што може да се очекува по скорешните сомневања во одржливоста на мултикултурализмот кој долго време е една од темелните вредности на европскиот проект, беше само една од темите на денешната меѓународна конференција што ја организира Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
На конференцијата се обрати евроамбасадорот Самуел Жбогар, а специјален говорник беше поранешениот претседател на Република Хрватска Иво Јосиповиќ.
На конференцијата стана збор и за безбедносните закани, нивното влијание врз земјите-членки, институциите,... Во рамките на дискусиите се постави и прашањето за политиката на проширување на Европската унија со земјите од западен Балкан. Посебен акцент беше ставен на минатогодишните случувања поврзани со мигрантската криза и положбата на Македонија.
Од аспект на културолошките и историските прашања, беа опфатени теми кои се однесуваат на односите меѓу Русија, Украина и земјите-членки на ЕУ, како и ефектите од воените дејствија во 1939, во Европа, врз бегалците од Шпанија.
На конференцијата се презентираа и сознанија за влијанието на миграциските движења врз развојот на архитектурата и архитектонски форми.
Покрај учесниците од Македонија, излагања имаа и гости од Велика Британија, САД, Шпанија и Црна Гора.
На отворањето на конференцијата присуствуваа видни професори и научници, дипломати, амбасадори и претставници од државните институции. Овој собир претставуваваше одлична можност за размена на идеи меѓу еминентни домашни и странски научници, како и помеѓу пријавените учесници и акредитирани медиуми.
Ново на Сител
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството
-
Тема на денот со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи
-
Фатени 188,6 килограми марихуана на ,,Богородица"- Требала да заврши во Турција
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите
-
Партиите со различни ставови за промена на државниот грб, владата се уште нема идејно решение
-
Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
-
Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести