Дебата за инспекцискиот надзор врз загадувачите на воздухот
Во Општина Гази Баба денеска ќе се одржи јавна дебата за инспекцискиот надзор врз загадувачите на воздухот. Организатор е Здружението на граѓани за одржлив развој и заштита на животната средина „Зелен институт“.
– Аерозагадувањето во Град Скопје и во скопските општини е на високо ниво и неопходно е да се прошири обемот на досега спроведените мерки, а особено во однос на инспектирање на индустриските загадувачи, смета организаторот.
Дебатата е во рамки на проектот „Платформа за координација и граѓанско учество во инспекциски надзор врз загадувачите на воздухот“, што се спроведува во Град Скопје и во четири пилот-општини Аеродром, Гази Баба, Карпош и Центар, а е поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Целта на проектот е да придонесе за намалување на аерозагадувањето преку подигање на капацитетите и координацијата на инспекторите за животна средина во Град Скопје и во скопските општини и вклучување на граѓаните во инспекцијата на изворите на аерозагадувањето од индустријата.
Во проектните активности спаѓа и обука на инспекторите за животна средина од сите скопски општини, заедно со оние од Град Скопје, за покоординирано и поефикасно работење. Се предвидува во секоја од општините и во Град Скопје да се одржат панели со различни општествени актери кои можат да влијаат врз квалитетот на воздухот (инспектори за животна средина, советници, градоначалници, граѓански активисти, претставници од изворите на загадување, медиуми и др.), за да изнајдат начини за намалување на загадувањето. Искуствата од овој проект ќе може да се применат и во други општини во државата.
Ново на Сител
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
-

Преглед на вестите од светот

