Дебрани протестираа против поскапување на струјата
Во организација на навивачката група „Соколат“ на фудбалскиот клуб „Кораб“,подржани и од други граѓански организации, доцна попладнево во Дебар беше одржан протест против поскапувањето на струјата.
Поголем број дебрани се собраа пред наплатниот пункт на ЕВН кој се наоѓа во центарот на градот.
Пред насобраните, претсавникот на организаторот, Адрит Фетаху, прочита четири барања, меѓу кои и барањето да се поништи одлуката на Регулаторната комисија за поскапување на цената на електрината енергија.
– Бараме да се поништи монополот на услугите на ЕВН и да се подобри нивното некоректно однесување кон потрошувачите и секако да се распушти Регулаторната комисија, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорациите на штета на многу тешката економска ситуација на граѓаните, рече Фетаху.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости