Македонија
27. December 2018 - 15:05

Децата од Дневниот центар во Шуто Оризари добија билети за посета на ЗОО Скопје

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, денеска го посети Дневниот центар на „Здружението за заштита на правото на детето“ во Шуто Оризари, кое ги згрижува децата од улица и на околу 150 деца им подели новогодишни пакетчиња и билети за посета на Зоолошката градина, соопштуваат од Град Скопје.

Шилегов им порача на децата да одат на училиште и дека нивното место не е на улица, бидејќи само со добро образование ќе можат да изградат успешен и исполнет живот.

Децата кои го посетуваат Дневниот центар, за присутните гости рецитираа и пееја песни.

На делењето на пакетчињата присуствуваше и заменикот министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, се наведува во соопштението на Град Скопје. 

Ново на Сител