Македонија
16. February 2022 - 16:17

Дечко ја претепал девојката откако се скарале на улица, па нападнал уште едно лице

Се карале на улица, ја однел во стан ја претепал па нападнал уште едно лице.

- На 15.02.2022 околу 22.00 часот, од полициски службеници од ОВР Струга лишен е од слобода Б.Н.(37) од струшкото село Велешта. Тој, претходно, на улицата „ЈНА“ во Струга имал вербална расправија со неговата 22-годишна невенчана сопруга во врска со нивното заедничко дете, по што насилно ја однел во стан во Струга, каде физички ја нападнал. Потоа, на кеј „8 Ноември“ во Струга, Б.Н. физички го нападнал и Д.Т.(24) од струшкото село Октиси, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.