„Дејли Мирор“: Тереза Меј го сметала Брегзитот како штетен за Британија
Британскиот премиер Тереза Меј едно заборува на јавната сцена, а сосема друго на затворени седници кога станува збор за Брегзитот, тврди денешен „Дејли Мирор“, повикувајќи се на едно нејзино излагање пред банкари што сега првпат се обелоденува.
Во излагањето пред високи функционери на банката „Голдман и Сакс“ во лондонскиот финански центар Сити, Меј предупредувала на опасноста по британската безбедност и на одливот на бизнисот, доколку Велика Британија се определи за напуштање на ЕУ.
Излагањето на Меј од времето пред референдумот од 23 јуни, сега тајно им било доставено на „Дејли Мирор“ и на „Гардијан“.
- Економските аргументи се многу јасни во прилог на останувањето во ЕУ, рекла тогашната министерка, а сега премиер, инсистирајќи дека „да се биде дел од Унијата е многу значајно за Велика Британија„.
Меј во таа прилика зборувала за опасноста Брегзитот да предизвика бегство на бизнисот од земјата и негово селење на континентот.
Таа тогаш изразила и стравување дека надвор од ЕУ, Велика Британија ќе ја загуби корисноста од европскиот налог за апсење и притвор и од размената на разузнавачки податоци со полицијата и безбедносните агенции во ЕУ, што би ја ослабнала британската безбедност.
Банката денеска ја потврди вистинитоста на излагањето на Меј и тврди дека пред банкарите зборувала како член на Владата.
Весникот „Дејли Мирор“, кој важи за близок до опозициските лабуристи, пишува дека откритието за „двете лица“ на Меј во врска со Брегзитот, го осрамотуваат актуелниот премиер и претставуваат големо разочарување за кампањата за останување во ЕУ.
Во текот на кампањата пред референдумот, Тереза Меј често беше споменувана како еден од најмалку активните активисти за останување во ЕУ, затоа што не се појави на ниту еден митинг или на поголема средба со британските гласачи.
Според весникот, тогашниот советник на Дејвид Камерон за политички прашања, Грег Оливер во една прилика ги прашал колегите во кабинетот во Даунинг стрит 10, дали Меј „не е случајно таен агент“ за Брегзит.
Портпаролот на владиниот Кабинет денеска само кусо изјави дека не е тајна оти премиерот Меј беше дел од кампањата за останување во ЕУ, како и дека имала амбиции да биде британски премиер.
Ново на Сител
-
Лов на забранети животни – Каква казна предвидува законот за отстрел на мечки?
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат