Дејвис куп: Ирска со пресврт ја совлада Македонија

Тениската репрезентација на Македонија не успеа да го освои првото место во група Б од Третата Европска зона од Дејвис купот откако вечерва во Талин, Естонија го загуби дуелот со Република Ирска со 2:1. Со ова нашите тенисери не се изборија за дуел со Кипар и евентуален пласман во Втората Евро-африканска зона.
Во решавачкиот меч во двојки Томислав Јотовски и Димитар Грабул загубија од Сем Бери и Дејвид О‘Хер со 6:3 и 6:2 во сетови за точно еден час игра.
Во двата сингл меча двете репрезентации остварија по една победа. Најпрвин Грабул го победи Бјорн Томсон со 2:1 во сетови, а потоа Јотовски загуби од Бери со 2:0 во сетови.
Утре во полуфиналните мечеви ќе играат Естонија – Молдавија и Кипар – Република Ирска, а победниците од дуелите ќе се пласираат следната година еден ранг повисоко.
Нашата репрезентација утре ќе игра против Црна Гора во еден од двата меча за пласман од 5-8.место. Македонија и следната година ќе игра во Третата Европска зона од Дејвис купот.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
