-->
-->
Дејвис куп: По една победа за Британците и Белгијците
-->

Тениските репрезентации на Белгија и Велика Британија, во петкот го започнаа финалниот меч во Девис купот. По првиот ден мина без изненадување, односно фаворитите забележаа победи и резултатот е 1:1.
Девис куп финалето кое се игра на земјана подлога во Гент, го отворија Давид Гофан и Кајл Едмунд.
Малку познатиот Британец, Едмунд, ги доби првите два сета против 16-от играч на АТП листата со 6:3, 6:1, но немаше сила да го зададе завршниот удар. Гофан наредните три сета го доби со 6:2, 6:1, 6:0 и на Белгија и го донесе првиот поен.
Резултатот го израмни вториот светски рекет Енди Мари кој со 3:0 славеше во дуелот со Рубен Бемелманс.
Мари играше беспрекорно во првите два сета и лесно стигна до преденост од 2:0 (6:3, 6:2). Бемелманс го подигна нивото на својата игра во третиот сет но и тоа не му беше доволно да го избегне поразот со максимален резултат.
Имаше Белгиецот брејк предност и водство од 4:2, но Мари најпрвин го врати загубениот сервис, а потоа направи брејк и со 7:5 го доби сетот.
Во сабота, во Гент, на програмата е мечот во двојки (15 часот), во кој ќе играат Белгијците Копејанс и Дарсис против браќата Мари, Енди и Џејми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
-

Уапсен 28-годишник од гостиварско, пронајдени кокаин и марихуана
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
-

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје
-

Трамп: Норвешка има „неизбришлива дамка“ зашто не ми додели Нобелова награда за мир
