Македонија
9. July 2018 - 16:18

Дел од Карпош 2 утре без вода

Корисниците лоцирани на улиците „Иван Аговски“ и „Гиго Михајловски“ во населбата Карпош 2 утре, од 10 часот ќе останат без вода.  

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради уличен дефект на крстосницата меѓу овие две улици.

Жителите ќе бидат без вода се до отстранување на дефектот.