Македонија
7. December 2023 - 10:37

Дел од општина Чаир без вода

Без вода денеска од 10 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Вуковарска“, „Струмичка“ и „Дижонска“ во општина Чаир.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на улицата „Вуковарска“ 15/1. 

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.