Македонија
25. January 2017 - 10:43

Дел од општина Ѓорче Петров утре без струја

Дел од корисниците од улиците „Вера Циривири – Трена“, „Знеполе“, „Борис Сарафов“ и „Македонска Преродба“ во општина Ѓорче Петров утре од 9 до 14 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.