Македонија
2. March 2017 - 15:50

Дел од општина Сарај утре без вода

Корисниците од селата Копаница и Бојане во општина Сарај утре од 9 до 18 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е реконструкција и поставување нови пумпи во пумпната станица во село Рашче што ќе го спроведат екипи на ЈП Водовод и канализација Скопје.