Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
Голем дел од младите не се доволно запознаени со спомен обележјата во градот. Тие не знаат кое е нивното значење и зошто постојат, ниту па каде се наоѓаат дел од нив во време кога најактуелно е прашањето за идентитетот, а спомениците се богатство на еден народ односно симбол и гордост на државата.
Со дигитализирање на спомениците ќе се зачува колективната меморија кај граѓаните, но и ќе се запознаат со моменти и личности од охридсkиот регион.
Во Охрид моментално на дигиталната мапа има 20 спомен обележја во центрaлното градско јадро поделени на четири категории: споменици на природата, христијански споменици, потоа споменици на лица од 19-20 век и спомен-куќи и спомен-плочи. Инаку вкупно според регистарот на територијата на општина Охрид има 57 спомен обележја.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар