Дела од 23. Кичевска ликовна колонија на изложба во Велес
Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на дела од 23-тата Интернационална Кичевска ликовна колонија. Организатор на изложбата е Народниот музеј од Велес.
На изложбата се претставени 38 дела кои се дел од 65-те изработени од уметниците-учесници на колонијата од 13 држави (Македонија, Израел, Северен Кипар, Индија, Ирак, Албанија, Бугарија, Србија, Германија,Казахстан, Хрватска, Косово и Турција).
Делата се во различни техники: акрил на платно, масло на платно, комбинирана техника и четири скулптури од метал и една од дрво.
Изложбата за отворена ја прогласи Горан Доневски од Кичево, организатор на колонијата, кој пред присутните рече дека во прекрасниот амбиент во Куќата на уметноста во Кнежино, далеку од вревата и тешките македонски горештини, во креативна творечка и релаксирана атмосфера од 2-ри до 16 јули 2016 се одржала 23. Интернационална Кичевска ликовна колонија.
- Имавме можност да видиме различни светови и индивидуални пристапип и утврдување на своите ликовни обрасци. Секој од овие творци, преку изборот на својот личен ликовен говор, се обидуваа да воспостават нова врска меѓу духот и сопственото време, да ни ја откријат вистината и од онаа страна што ни е помалку позната. Тоа беше комуникацијата или нова визуелна размена на мислења, рече Доневски.
Делата од Колонијата, која е веќе препознатлива и уникатна по своите врвни дела, досега се претставени во Кичево, Скопје, Прилеп и Велес, а ќе бидат претставени и во други градови во земјава.
Ново на Сител
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
-
Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам
-
Непознати лица украле дел од тревник поставен на плоштад во атинска населба
-
Постар маж со нож им се закануваше на студенти на Медицинскиот факултет во Нови Сад
-
Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање
-
26-годишен турчин фатен со дрога во Гази Баба
-
Општина Делчево со парична поддршка за првороденото новороденче во 2025 година