Македонија
2. August 2019 - 11:53

Делегација на ДОМ положи цвеќе по повод празникот Илинден

По повод националниот празник Илинден, делегација на ДОМ денес положи цвеќе на спомениците во Скопје.

Делегацијата ја предводеа, Љупчо Јаневски, генерален секретар на Демократска обнова на Македонија, Христина Оџаклиеска, советничка во Општина Кисела Вода и Соња Петрушева, член на Извршниот одбор на ДОМ, се поклонија пред спомениците на АСНОМ, на Никола Карев и на Методија Андонов – Ченто.