Делегација на Град Скопје положи цвеќе на гробот на претседателот Трајковски

Делегација на Град Скопје денеска во Алејата на великаните на градските гробишта Бутел положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, по повод одбележувањето на 14 години од неговата смрт.
Со овој чин, делегацијата составена од претседателката на Советот Љубица Јанчева, советникот на градоначалникот Азиз Максутовиќ и членот во Советот Петар Шапе, оддаде почит на вториот претседател на независна Република Македонија, кој на 26 февруари, 2004 година, во атарот на село Ротимље, во близина на Мостар, трагично го загуби својот живот, во авионска несреќа.
Цвеќе, на гробот на Трајковски, положија и делегации од Владата, од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, од Собранието, од Министерството за култура, од АРМ, претставници на политички партии, претставници од дипломатскиот кор, претставници на образовни и научни институции, здруженија, како и голем број граѓани од нашава земја и од странство.
Ново на Сител
-

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
-

Советници од САД и Украина утре ќе присуствуваат на мировни преговори во Берлин
-

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
-

Идната недела сончево и тивко, со надпросечни температури
