Делегација на ОН на средба со претствници на МАЕИ
Лидерот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Едмонд Темелко, синоќа оствари средба со висока делегација на Обеднетите нации.

- Делегацијата ја предводеше Алнед Шахед посебен известувач на ОН за слободна веросповест, Фараз Санеи и Макен Тзегаи експерти за човечки права во Светската органзација, изјави Васил Стерјовски, генерален секретар на МАЕИ.
Темелко, кој е и актуелен градоначалник на општина Пустец, гостите подетално ги запознал со положбата на Македонците во Албанија и правото на слободо изразување на нивната верска припадост.
Деновиве во посета на општина Пустец, во Мала Преспа беше Клаус Неукирч, шеф на мисијата на Советот на Европа во Тирана.
На средбата со градонаалнкот Темелко, присуствувале и претседателката на Советот на општина Пустец Ирена Василовски, други советници, како и Васил Стерјовски, генерален секретар на МАЕИ и единствен кандидат за пратеник од македонската партија.
Тема на средбата била положбата на Македонците во Албанија, Предлог-законот за малцинствата, кој треба да биде изгласан во септември од новиот состав на албанскиот парламент и престојните парламентарни избори.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
