Македонија
15. December 2015 - 8:35

Делегација на ПС на ОБСЕ во посета на Собранието

Делегација на Меѓународниот секретаријат на Парламентарното собрание на ОБСЕ денеска ќе престојува во работна посета на Собранието на Република Македонија.

За време на престојот делегацијата ќе има средба со потпретседателот на Собранието на Република Македонија и шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ и членовите Рената Дескоска и генерален секретар на Собранието на Република Македонија Жарко Денковски.