Делегација на Собранието на РМ на средба со швајцарската делегација во ИПУ
Делегацијата на Собранието на РМ во Инерпарламентарната унија, предводена од претседателот на Собранието Талат Џафери, во рамки на учеството на 138. Собрание на ИПУ во Женева имаше работен ручек со швајцарската делегација во ИПУ, предводена од Андреа Корони, шеф на Делегацијата.
На средбата двете делегации меѓусебно се информирале и размениле информации за проектот за техничка парламентарна поддршка на Собранието, финансиран од Швајцарија и поддржан од Федералното Собрание на Швајцарија, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието.
Шефот на швајцарската делегација во ИПУ, Корони, истакна дека проектот има цел да обезбеди техничка и институционална поддршка на Собранието на РМ, во неговите напори за дополнително подобрување на внатрешното функционирање, надзорот и законодавните капацитети, како и унапредувањето на транспарентноста и отчетноста пред граѓаните.
Успешната имплементација на проектот, треба да придонесе за носење поквалитетни закони и за подобро користење јавни ресурси, односно дополнително да ја зајакне улогата на Собранието во однос на извршната власт.
Нагласи дека идејата за овој проект потекнала токму од Швајцарската делегација во ИПУ.
Џафери изрази уверување дека проектот „Програма за поддршка на Парламентот“ ќе обезбеди поефикасно и инклузивно функционирање на Собранието на РМ, односно целокупно институционално јакнење, унапредување на неговата законодавна и надзорна функција и овозможување соодветен пристап во работата на Собранието за граѓаните, преку зајакната транспарентност и отчетност.
Тој се заблагодари за донацијата финансирана од швајцарските даночни обврзници и потенцираше дека целокупниот проект ќе го следи Управувачки совет и Советодавен одбор.
Истакнувајќи дека согласно планираната динамика, подготвителната фаза на проектот ќе започне на 1 јули 2018 година, Џафери ги покани швајцарските колеги тогаш да го посетат Собранието на РМ и лично да се информираат за имплементацијата на истиот.
На работниот ручек соговорниците разменија мислења и за билатералните односи и соработка меѓу Македонија и Швајцарија и се согласија и во иднина да одржуваат средби во рамки на собранијата на Интерпарламентарната унија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема цена што може да ме натера да влезам во авантура без извесен крај за преговорите со ЕУ
-

73-годишна жена од Струга се онесвестила на пат и удрила во товарно возило
-

58-годишник од с.Брвеница полово вознемирувал 15-годишно девојче во комбето со кое вршел превоз на патници
-

Татко и чичко по расправија пукале кон објект на нивниот син на патот Сарај - Матка
-

По извештајот на ДЗР, директорката на ИЈЗ со надеж дека ЈО ќе реагира за неправилностите во Институтот
-

Pаст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
-

Мицкоски: Македонија забрзува и мора да оди напред, со скромни ресурси правиме многу
-

Пожар во тетовското училиште „Моша Пијаде“, шестмина вработени завршија во болница
