Делегација на ССК на Светски коморски конгрес во Сиднеј
Бизнис делегација на Сојузот на стопански комори на Македонија, која престојува во Сиднеј по повод 10. Светски коморски конгрес, оствари средби со претседателот на Македонско – австралиската стопанска комора Ѓорги Михајлов и со македонскиот амбасадор Веле Трпевски.
Од ССК денеска соопштија дека на средбата на која присуствувал извршниот директор на Комората, Александар Зарков и претседателот на Туристичко-угостителската комора Аркан Керим е разговарано за потенцијалите за соработка меѓу компаниите од двете земји, преку размена на искуство, заеднички вложувања и влез на поголем австралиски капитал во Македонија. Нагласена е и потребата од збогатување на туристичката понуда на Македонија за дијаспората.
Делегацијата на ССК учествува и на конференциите што се организирани пред официјалното отворање на Конгресот закажано за утре. Презентирани се можностите за зголемување на економската соработка и инвестициите меѓу Азија, Австралија и Европа, со акцент на унапредувањето на економското поврзување за глобален успех во трговијата, преку анализа на најбрзо растечките сектори, согледување на нивните предизвици и можности за вмрежување и поврзување на бизнис лидерите од регионот.
ССК учествуваше и на конференцијата во организација на Азиско-пацифичките комори за трговија и индустрија во чии рамки претставници од државниот и приватниот сектор дискутираа за значајни прашања за водата, енергијата и животната средина, храната и земјоделството, здравјето и едукацијата, олеснувањето на трговијата, ИКТ, како и развојот на мали и средни претпријатија.
На 10. Светски коморски конгрес во Сиднеј присутни се бизнис лидерите од пет континенти.
Ново на Сител
-
Од моден дизајнер до државен првак во бодибилдинг | Катерина Попева | Sitel Podcast 083
-
Зеленски до Трамп: Само сакам да знам што ќе биде со Украина
-
Kривична против десет припадници на затворска полиција во затвор „Скопје“
-
Јаневска: Јавната расправа за концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не дава плод
-
Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот
-
Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево
-
Рубио: САД нема да дозволат Русија да стане „помлад партнер“ на Кина
-
Маж уценувал и барал пари од вработен во адвокатска канцеларија