Делегација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на годишното собрание на EDS
![]()
Делегација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Владимир Нелоски, Лука Кржалоски, Камелија Спасова и Александра Златановска учествува во работата на годишното собрание на EDS( European Democrat Students) што се одржува во Малта.
EDS претставува десно ориентирана студентска и младинска политичка асоцијација која се состои од 36 младински организации, меѓу кои и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. EDS e најголемата младинска организација во Европа и е официјален подмладок на Европската Народна Партија, која е најголема политичка партија на ниво на Европа со мнозинство во Европскиот парламент.

После 2 годишно активно работење во најголемата младинска организација во Европа, со едногласна одлука на собранието, на Унијата на млади сили му е доделена организацијата на следната конференција на EDS, која што ќе се одржи во Скопје во текот на месец Септември оваа година.

Унијата на млади сили пред неполн месец стана полноправна членка на најстарата младинска организација во Европа – DEMYC, а сега ова е уште една потврда за успешното претставување на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на меѓународно ниво. УМС на ВМРО- ДПМНЕ како најголем политички подмладок на Балканот, во континуитет продолжува да учествува во работата и да ја претставува Македонија во најголемите и највлијателни меѓународни младински организиции.
Ново на Сител
-

Зеленски: Ситуацијата на бојното поле е најдобра во последните 10 месеци
-

Секој електронски потпис издаден во Македонија ќе биде признаен како целосно валиден во Црна Гора и обратно, најави Андоновски
-

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против обвинетиот Денис Асанов за извршено убиство
-

Иран собори борбен авион Ф-35 со нов одбранбен систем
-

Уапсена жена од с. Скудриње, барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци
-

Во недела поради улична трка во Скопје посебен режим на сообраќај
-

Во НП Маврово поставени 60 камери за видеонадзор
-

Дожд уште утре, а потоа сончево и топло
