-->
-->
Делегација на Владата положи цвеќе на гробот на Киро Глигоров
-->

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој го придружуваа министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан и заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател на нашата земја Киро Глигоров, во алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.
На денешен ден се навршуваат осум години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, кој имаше исклучителна улога во процесот на политичкото осамостојување на земјата и нејзиното меѓународно признавање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
