Делегација на ВМРО-ДПМНЕ на Конгрес на ЦДУ во Лајпциг
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денес (22.11.19) заедно со потпретседателот Александар Николоски, членот на Извршниот Комитет Владимир Ѓорчев и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски ја продолжуваат својата меѓународна активност присуствувајќи на Конгресот на Германската владејачка сестринска партија ЦДУ кој се одржува во Лајпциг.
Ќе бидат остварени и повеќе билатерални средби како што е со Јохан Вадефул – Координатор на Пратеничка Група на ЦДУ/ЦСУ; Торстен Фреи, Заменик Координатор на Пратеничка Група, Петер Бејер, Пратеник на ЦДУ и член на Комисија за надворешна политика
Инаку на Конгресот на ЦДУ ќе се расправа за утврдување на политички постулати за следниот период на дејствување. Ќе се отвораат теми поврзани со економски и социјални политики во Германија, дејствувањето на Германија во ЕУ како и стратешки надворешно политички приоритети.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие