Делегација од ЛДП и АЛДЕ на средба со холандскиот амбасадор Пломп
Претседателот на Европските либерали (Алијанса на либерали и демократи на Европа - АЛДЕ) и пратеник во Европскиот парламент, Ханс Ван Бален, заедно со претседателот на Либерално-демократската партија и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, потпретседателот на ЛДП, минстерот Зоран Шапуриќ и генералниот секретар на Либералната интернационала, Емил Киријас, имаа средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Воутер Пломш и заменикот на амбасадорот, Андри ван Мене, соопшти партиска прес-служба.
На средбата се разговараше за евроатланските перспективи на Република Македонија и за напорите кои ги вложува новата реформска влада, како и за првичните резултати на Владата на република Македонија за исполнување на агендата 3 - 6 - 9. Притоа, на состанокот е истакнато дека Кралството Холандија е голем пријател на Македонија и силен подржувач на државата од осамостојувањето до денес, вклучително и поддршката од ван Бален за ЛДП во насока на остварување на програмските цели и замисли, како дел од новата влада на државата, се вели во соопштението од ЛДП.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Првата половина од автопатот Кичево - Охрид ќе биде пуштена во мај
-
Од денеска намалени цените на пет патарини во Грција
-
Бројот на работниците во индустријата од јануари до август зголемен за 1.4 отсто
-
Од четврток дожд, грмежи и ветер
-
СДСМ: 100 дена изговори
-
ВО ЖИВО: Прес-конференција на премиерот Мицкоски
-
Токсини од стафилокока во бомбиците причина за труењето на 140 деца во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“
-
Трендафилов: Нечовечки е да се зема плата од 22.567 денари