Делегација од Уставниот суд на Република Турција во посета на Македонија
- Делегација на Уставниот суд на Република Турција предводена од претседателот на Судот, Зухту Арслан и уште двајца судии и судија известител на Судот, од вчера до 12 септември престојува во посета на Република Македонија.
Членовите на турската делегација ќе имаат билатерални средби со претставници на Уставниот суд на Република Македонија на теми „Уставната жалба во Македонија и системот на индивидуалната уставна тужба во Турција“ и „Тужбите пред ЕСЧП и одлуките против двете држави“.
Според агендата, турската делегација ќе биде примена од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и од министерот без ресор Аднан Ќахил.
Оваа посета, како што информираат од Уставниот суд на РМ, е продолжение на одличната соработка помеѓу двата уставни судови и е во рамките на Меморандумот за разбирање и билатерална соработка помеѓу уставните судови на Република Турција и Република Македонија склучен во 2007 година.
Ново на Сител
-

Иџе го тестираше новиот прототип болид
-

Жерновски: Владата веќе договорила прифаќање на Францускиот предлог
-

Новите авио линии го зголемија бројот на туристи
-

Жителите на Тркање обвинуваат за недостаток на вода, Општина Кочани вината ја лоцира кај нив
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
