Делегација од Велес го посети споменикот на Рацин на Лопушник

Делегација на Здружението на граѓани „ФАД Стоби“, во својство на организатор на 53. „Рацинови средби“, како и други претставници од Општина Велес, Сојузот на борци и на јавни претпријатија од Велес, вчера традиционално го посетиле Лопушник кај Кичево во чест на поетот и револуционер Коста Солев Рацин, со што ја одбележаа 73-годишнината од неговата смрт.
Како што информира за медиумите Васил Зафирчев, претседател на манифестацијата „Рацинови средби“ и на Здружението на граѓани „ФАД Стоби“, и покрај силниот дожд и лошите услови на патот, делегацијата успеала да допатува на Лопушник кај Кичево и да го посети споменикот на местото на Рациновата погибија.
- На велешката делегација и се приклучи и делегација од Гимназијата од Кичево. Делегациите покрај споменикот одржаа едноминутно молчење во чест на Коста Солев Рацин и борците од НОБ, потоа присутните запаливме свеќи и положивме букети свежо цвеќе. Пригоден говор во чест на поетот одржав јас како и претседателот на борците Саздо Кицевски и Љупчо Лепидовски како претставник од јавните претпријатија на Велес. Воедно, ученик од кичевската гимназија изведе рецитација на песната „Денови“ од Рациновите „Бели мугри“, изјави Зафирчев.
Посетата на Лопушник беше последна програмска активност на 53-тите „Рацинови средби“ и продолжување на традицијата на манифестацијата и Општина Велес во чествувањето на името, ликот и делото на големиот Коста Солев Рацин, истакна Зафирчев.
Ново на Сител
-

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива
-

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони
-

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
-

Ристовски: Фудбалскиот камп на AC Milan во Скопје е ретка можност за нашите млади спортисти да учат од европските гиганти
-

Во полициска акција во БиХ уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив
-

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“
-

Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица уапсени
